Плоштадот „Скендербег“ се подготвува да го „премине“ булеварот

by Фокус

Фирмата „Урбан стил инженеринг“ за нешто повеќе од 430.000 евра ќе ја проектира втората и третата фаза од плоштадот „Скендербег“, објави денеска Општина Чаир преку Бирото за јавни набавки.

Во втората фаза од проектот се предвидува плоштадот да го премости булеварот кај стоковната куќа „Мост“, додека во третата фаза ќе се гради подземен паркинг. Првиот дел од новиот плоштад, околу споменикот „Скендербег“ чинеше 3 милиони евра, додека целиот проект се предвидува да чини околу 10 милиони.

Локалната власт уште во февруари преку медиумите најави дека премостување на булеварот „Гоце Делчев“ до објектот на Македонската опера ќе почне во јуни годинава.

Поврзани новости