Околу седум илјади стари и изнемоштени лица, осуденици како и над две и пол илјади иселеници во дијаспората денес го отворија гласачкиот процес на седмите избори за претседател на државата од осамостојувањето во 1991 година.
Изборниот процес започна во 7 часот и заврши во 19 часот и се одвиваше во најдобар ред додека иселениците кои гласаа во дипломатско конзуларните претставништва гласаа од 7 до 19 часот во државите во кои живеат.
Резултатите од гласањето денес ќе бидат соопштени утре, по завршувањето и пребројувањето на гласовите во првиот изборен круг.
Од ДИК денеска соопштија дека се целосно подготвени да ги спроведат утрешните избори.
Согласно новонастанатата состојба со личните документи, граѓаните утре на првиот круг на претседателски избори ќе можат да го остварат правото на глас со важечки документ за лична идентификација, лична карта и патна исправа со старо уставно име на Република Македонија, но и со лична карта и патна исправа чија важност истекла девет месеци пред денот на одржувањето на изборите, а за утре тоа е 24 јули 2023 година.
Од ДИК соопштија дека за двата круга избори акредитирани се 915 се домашни и 544 меѓународни набљудувачи, 84 преведувачи и 58 новинари од странство.
Според официјалните податоци на ДИК право на глас на седмите претседателски избори имаат 1.814.317 избирачи кои ќе го остварат своето право на глас на едно од 3.480 избирачки места низ државата.
Избирачките места утре ќе се отворат во 7 часот а гласањето трае до 19 часот.
Официјалните резултати од гласањето во првиот круг и кои двајца кандидати ќе се останат во трката за Вила Водно, ДИК треба да ги соопшти утре околу 23 часот.