За помагачите притвор и истрага, за терористите од Куманово обвинение

by Фокус

Околу 10 приведени во утринската акција на МВР веќе се пренесени кај судијата на претходна постапка Славица Андреева која беше ангажирана и не претходното досие со приведените во кумановската акција. Денешната група се соработниците на вооружените терористи кои им помагале при логистика. Неофицијално некои од нив им помогнале да преминат преку граница, кај некои преспивале, некои им обезбедувале технички материјали… Извесно е дека од денеска ќе им се одреди мерка притвор од 30 дена.

Во групата, според судски извори, има лица од Скопје, Куманово, Арачиново и некои помали села. Кај нив се вршеле претреси, а полицијата подоцна ќе објави што е откриено. Денешните приведувања коиндицираат со завршување на истрагата за кумановската акција во која има повеќе од 30 обвинети. Денеска или утре Јавното обвинителство ќе мора на сите да им ги презентира доказите за да може адвокатите да ги искористат своите 15 дена за поднесување свои докази, за да може обвинителството да покрене обвинителен акт во законски предвидениот рок.

Со оглед дека на почетокот на ноември ќе мора да има обвинение за тероризам и загрозување на интегритетот на државата за приведените во мај, за време на акцијата во Куманово, тогаш извесно е дека денешниот предмет ќе се води одвоено. Обвинителството извести дека истрагата е проширена за делата тероризам и терористичка организација. Сега во наредните шест месеци ќе се подготвува обвинителниот акт за помагачите, додека за главните на групата, оние кои директно учествуваа во пукотниците и усмртија десетина полицајци, ќе стартува судски процес.

 

 

Поврзани новости