Средношколците од среда повторно на протести

by Фокус

Средношколците од наредната среда ќе ги реактивираат протестите поради игнорантскиот однос на институциите кон нивните барања за укинување на екстерното тестирање и договорите околу новите концепти за полагање на државната матура.

Одлуката за протестот паднала вчера, по генералниот пленум на средношколците бидејќи Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, се уште не даваат одговор на писмото со нивните барања.

Средношколски пленум побара целосно укинување на екстерното тестирање, како и транспарентно носење на измените во однос на полагањето на државната матура. Тие побараа полагањето на државна матура за сите веќе запишани средношколци да се изведува по срариот концепт.

Поврзани новости