За Петковски, живееме во режим, додека Јакимовски и дава поддршка на Владата

by Фокус

Жестока дебата и остра реторика се водеше во студиото на „24 Вести“, каде копјата ги спротиставија првиот човек на ГРОМ, Стевче Јакимовски и лидерот на опозицискиот НСДП, Тито Петковски. Тие со спротиставија околу многу прашања, како што се парламентарните избори, бојкотот на Собранието, оставките на опозициските пратеници.

Петковски остана на ставот дека изборите не беа фер и демократски, дека се фалсификувани и дека народот гласал под закани и притисоци.

– Зошто беа организирани изборите? Ништо не се промени. Се потрошија многу пари, а се е обична превара. Никола Груевски сака само да си го продолжи периодот на владеење.  Се ветуваат работи, кои никој нормален човек не може да замисли дека ќе се исполнат.  Во услови на медиумски мрак, како ќе допре некоја информација до граѓаните.  Како се случи, вие сега да имате трипати помалку гласови на овие избори, отколку на локалните избори. Демократијата во Македонија е мислена именка. Вие не сфаќате, дека ние живееме во режим. Ние нема да се вратиме во Собрание, се додека не се исполнат нашите барања – тврди Петковски во интервјуто за „24 Вести“.

За разлика од него, градоначалникот на Карпош вели дека ВМРО-ДПМНЕ за првпат добиле  избори со позитивна кампања.

– ВМРО-ДПМНЕ во моментот најавија проекти, баш какви што и требаат на Македонија и тоа треба да се подржи. Очигледно е дека граѓаните дадоа огромна доверба на владејачкото мнозинство. Даваме поддршка на формирањето на новата Влада. Порано се одеше со црна кампања против СДСМ. Мора да признаеме дека сега опозицијата водеше негативна кампања. На каква основа, опозицијата очекуваше да ги добие овие гласови? Со никаква работа на терен, безидејност, дури и тие 280.000 гласови што ги добија им се многу. Што мислеа дека со една афера ќе добијат избори – истакна Јакимовски.

 

Поврзани новости