ВМРО-ДПМНЕ: Заев е крајно неодговорен политичар

by Фокус

Владејачката партија остро реагираше на денешната прес конференција на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, посочувајќи дека е крајно неодговорен политичар, подготвен целата држава да ја стави во залог само да ја зачува неговата функција во партијата.

– Зоран Заев нема кредибилитет да говори во јавноста и да обвинува други, кога сите знаат дека тој беше човекот кого го аболицираа за криминал тежок осум милиони евра и кој додели народни пари преку тендери на сите свои роднини и бизнис ортаци во Струмица. Тој денес наместо да одговара за криминалот живее во луксуз исто како и неговите соработници-криминалци. Тие денес се обидуваат да се доберат на власт, не со програма и преку избори, туку со интриги, исто како и нивниот политички татко Бранко Црвенковски – се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости