Ново откритие на „Дневник“: Колку навистина тежи Заев?

by lali 21:57
21:57

Цели седум килограми и 548 грама, за толку лидерот на СДСМ, Зоран Заев ја зголемил телесната тежина од моментот кога станал градоначалник на Општина Струмица, открива денешното издание на „Дневник“. Весникот се повикува на информации од фитнес салонот „Чушка“ во Струмица, каде Заев ја одржувал формата.

Истражувачкиот тим на „Дневник“ открива дека семејството на Заев, неговиот брат, татко, чичко и снаа ја зголемиле тежината уште повеќе. Ако во целокупната маса се додадат и бројките што ги покажува вагата на вујна му на Заев излегува дека во последнава деценија кланот на своето сало додат цели 200 килограми.

Проблематично, според „Дневник“ е дека Заев во многу наврати во кафана јадел чварки и шарска на сметка на општината.

- Advertising -

Политикологот Владимир Божиновски во текстот коментира дека Заеви се дебелеат поради тоа што наместо да ги јадат своите отровни краставици, како обичниот народ, тие со свиткана кичма гнетат гиро и бугарски кашкавал. Неговиот колега Ивица Боцевски, пак, за тежината на Заев изјавил:

– Немам коментар!

За целиот случај „Дневник“ посвети и коментар во кој уредникот поентира со прашање: Како тоа Заев пеш одел до Грција и назад, а сепак се здебелил? Ни требаат одговори и тоа брзо!

За подобро да се истражуваат сите скандали околу кланот Зеви „Дневник“, „Нетпрес“ и „Курир“ вчера отворија заедничка редакција во Струмица, од каде ќе го тресат тронот на Зоран Заев.

disklejmer

Поврзани новости