За Пендаровски е логично да се исвиркуваат политичари: Ние сме платени за да трпиме критика

by Fokus

Нормално е во една демократска држава граѓаните слободно да го изразуваат своето незадоволство. Реакцијата е логична, нормална во една демократија, истакна претседателот на државата Стево Пендаровски.

-Ние сме платени за да трпиме секаква критика и невтемелена и втемелена од нашите граѓани и мене ми е драго што има и такви реакции, рече претседателот Стево Пендаровски, откако група граѓани денеска го исвиркаа пред црквата Свети Спас каде што се наоѓа гробот на Гоце Делчев.

Откако беше исвиркан, претседателот Пендаровски прв се поклони на гробот и положи цвеќе пред гробот на револуционерот во дворот на црквата Свети Спас во Скопје, а по него почит оддадоа и членови на Владата, која беше претставена од првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и од заменик-министерот за информатичко општество, Александар Бајдевски.

 

Поврзани новости