Мицкоски: Очекувам сите партии да ја поддржат декларацијата за Гоце Делчев

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното одбележување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев рече дека очекува сите политички партии да ја подддржат декларацијата за Гоце Делчев која ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поднесе во Собранието, а ја најави вчера.

-Така што денеска како ВМРО-ДПМНЕ во рамките на македонското Собрание ќе поднесеме и Декларација со која што сакаме да добиеме поддршка од сите политички партии кои што се парламентарни и вонпарламентарни со една цел да го зацврстиме темелот за ликот и делото на Гоце Делчев. Очекувам сите политички партии без разлика дали се парламентарни или се надвор од Парламентот истата да ја поддржат, рече Мицкоски.

 

Поврзани новости