644
За само неколку часа по пуштање во употреба на веб-страницата www.vakcinacija.mk има повеќе од 8.000 регистрирани граѓани за вакцинација, информира министерот за здравство Венко Филипче.
„Преку пополнување на апликација искажувате интерес за вакцинација против КОВИД-19. Сите апликации ќе бидат внесени во системот Мој Термин и нема потреба дополнително да го ажурирате податокот или да го барате и информирате својот матичен лекар дека сте се регистрирале. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ве повика и ќе ве информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот кој ќе го изберете при регистрацијата“, истакна Филипче.
Во прва фаза ќе се вакцинираат здравствените работници и граѓаните над 70 години, а сите останати кои се регистрирале ќе бидат контактирани во матичниот тогаш кога нивната група ќе биде на ред за вакцинирање согласно националната стратегија.