Пандов: Вонредниот Конгрес ќе биде приватна забава на отпадници од ВМРО

by Фокус

Иницијативата за вонреден конгрес од поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ за смена на Христијан Мицкоси не е ниту правна ниту статутарна, така што иницијаторите ќе си прават приватна забава, оцени Александар Пандов оа Патриотскиот институтот на ДПМНЕ.

-Колку што сум во тек, и самата партија веќе почнува со подготовка на конгрес, бидејќи редовниот е во ноември или декември. И има многу работа околу тоа да се организира конгрес. И сите структури на партијата, сите тела на партијата се сконцентрирани само кон една и единствена цел како да се разобличи до кај оваа штетна политика што ја води Зоран Заев и да се добијат предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори. За жал, постојат луѓе како оваа група кои не ги гледаат Зоран Заев и СДСМ како проблем, туку го гледаат Христијан Мицкоски, раководството и ВМРО-ДПМНЕ – рече Пандов на Канал 5.

Според него, иницијаторите на овој Конгрес одработуваат за власта на Зоран Заев.

-Тоа е една група партиски отпадници, луѓе кои ги уживале сите погодности и бенефити што може да ги донесе политиката и политичката партија, која била, на крајот од денот, а во дадениот случај ВМРО – ДПМНЕ. Тоа се луѓе кои претпоставувам не мал дел од нив, да не именувам овој или оној, кои во минатото, кога биле на функции имале криминални дејанија. Оттука, тврдам дека единствен повод и мотив за, во овој период, да го прават тоа што го прават е тоа што се под диригентската палка на Зоран Заев и одработуваат за него – изјави Пандов.

Поврзани новости