За Левица резултатите од пописот се фалсификувани

by Fokus

По објавувањето на денешните резултати од пописот, Борислав Крмов, пратеникот на Левица рече дека се работи за политичка операција изведена под палка на ДУИ, а одобрена од СДСМ.

„Имавме многу говори и гостувања по емисии каде образложувавме зошто е проблематичен Законот за попис. Прво Законот го шверцуваа со европско знаменце, што не е случај во ниту една држава. Потоа имавме попис на дијаспора, што не е случај во ниту една држава, имавме попишување со само давање на матичен број, што ги крши сите меѓународни стандарди. Имавме ситуација да може трети лица да даваат лични податоци што е забрането со меѓународни конвенции кои што Република Македонија ги има ратификувано.

Имаме ситуација документи за идентификација да бидат насловени како ‘соодветни документи’, значи намерно не се прецизирани за да може да имаме манупулации. И на крај секако, врзаниот потпис на заменик директорот на ДУИ, за да може да ги добиеме овие, би ги нарекол, буквално фалсификувани и штелувани резултати кои што ги добивме“, рече Крмов.

Поврзани новости