Со поднесувањето на дополнителните докази од страна на СДСМ во Јавното обвинителство проширена е само листата со докази, односно освен 311-те снимени разговори на лидерот на партијата Зоран Заев, сега обвинителите ги имаат и останатите десетина прислушувани разговори кои СДСМ ги објави на прес конференција, а на кои доминираат преставници на власта.
Тоа не значи дека листата на пријавени е зголемена, односно пријавата и натаму е само против двајца од УБК, Сашо Мијалков и Горан Груевски. Таа за сега останува да се однесува само на кривичното дело неовластено прислушување. Но дали лицата чии гласови се слушаат ќе останат амнестирани?
Со оглед дека последните пет снимки, од втората прес конференција на СДСМ, јасно покажуваат дека се прекршени најмалку три членови на Уставот, и тоа членовите 8, 98 и 106, кои се однесуваат на самостојноста на судството, независноста на обвинителството, но и други членови кои забрануваат политичко организирање и влијание врз правосудството, станува јасно дека лицата од снимките ќе мора да одговораат и за други кривични дела.
Правници анализираат дека првично министрите од Владата, како Јанкуловска, Ставревски и Џафери, потоа директорот на УБК, Мијалков, поранешните функционери- брачниот пар Маневски, па и новинарот Латас, ќе треба да одговораат за злоупотреба на должноста и за злосторничко здружување. Секако, не се исклучува можноста дека може да им се поднесат пријави и против рушење на уставниот поредок, тоа што Груевски сака да му го припише на Заев преку акцијата „Пуч“.
За сега од СДСМ, иако најавија дека ќе следуваат и нови пријаваи, му остават на обвинтиелството да се изјасни околу првата, таа за неовластено прислушување поднесена против првите луѓе во УБК. Потоа е можно да следуваат и други пријави. Логично е дека, откако ќе се објават нови материјали, на следната прес конференција деновиве, дека постепено ќе мора да се поднесуваат и пријави. Ако0 се направи проценка, според бројката на прислушувани граѓани, во обвинтиелството е можно да бидат поднесени десетици пријави.
Но, прашањето е како обвинителството ќе се справува со пријавите? Не заради нивната бројност, туку заради пријавените лица. Како обвинителството, кое, според снимките, е исполитизирано и добива задачи од министрите, во случајот од Јанкуловска, ќе застане токму против оние од кого добива наредби?