Директорот на Здравствениот дом во Охрид крадел од парите на пациентите

by Фокус

Полицијата го приведе директорот на ЈЗУ „Здравствен дом“ – Охрид заедно со уште двајца вработени. Пријавата му е поднесена од финасиската полиција, а Јавното обвинтиелство утрвдило дека има елементи за отворање истрага против вработените во домот.

Според пријавата, осомничените во периодот од 2010 до 2014 година подигале пари во готово кои биле уплатени на име на партиципација од страна на пациентите. Со тоа, го оштетиле Буџетот на здравствениот дом за малку повеќе од 100 илјади евра.

Двајца од осомничените добиле мерка притвор, додека по директорот се трага. Извесно е дека ќе следува судски процес.

Поврзани новости