645
Во врска со францускиот предлог за надминување на ветото од страна на Бугарија. Во однос на позициите на нашата земја премиерот Димитар Ковачевски рече:
-Во моментов кај нас нема дојдено предлог усогласен на ниво на сите земји членки на ЕУ. Ако сите тие, вклучително и Бугарија, усогласат предлог, тој ќе биде испратен и ние како влада ќе го разгледаме Што се однесува до нашите позиции, тие се многу јасно дефинирани и во нашето Собрание, до коишто се придржуваме.
Нема разговори за македонскиот јазик, нема разговори за македонскиот идентитет и решението треба да содржи сѐ вкупно решавање и гаранции дека со ова веќе нема да постојат никакви други барања во однос на нашето понатамошно напредување во интеграцијата во ЕУ, рече Ковачевски.