Овие 32 години се поминати во постојана борба, вели Мицкоски

by Fokus

Овие 32 години се времиња поминати на постојана борба, жртва и работа за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија чии код, своето постоење и своето делување го има посветено на постоењето и делувањето на Македонија, кажа во своето обраќање претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод 32 години од формирањето на партијата и 129 години од создавањето на историското ВМРО.

-Благодарност на основачите кои се значаен сегмент во сегашното функционирање на партијата и кое како такво го вреднувам и високо почитувам. Нивното визионерство, чистата љубов кон татковината и борбата за каузата ги сместува во редот на луѓето кои даваа се без да бараат ништо за возврат.

Денес ВМРО-ДПМНЕ се враќа на стабилни победнички патеки и заедно со народот повторно се крева и кога државата се соочува со предизвици, удари, со понижување, со сиромаштија, одрекување и порекнување”, вели Мицкоски.

Поврзани новости