Грција веќе не е „црната овца“ во Европа

by Fokus

Грција веќе не е „црната овца“ во Европа, туку е кредибилен партнер, држава која учествува во создавањето на случувања, вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во однос на намерата на Европската комисија да не го продолжи засилениот надзор за Грција по неговото истекување на 20 август годинава, со што и официјално ќе заврши 12-годишната криза во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис рече дека ова, за Грција и Грците, е „важен национален успех“, бидејќи „со печатот на Еврогрупата, економијата сега е ослободена од режимот на засилен надзор“.

Поврзани новости