Во вториот сет снимки СДСМ тврди како власта ги узурпирала приватните телевизии Сител и Канал 5. Министрите Јанкуловска и Ставревски го нарекуваат новинарот Миленко Неделковски хохштаплер и малограѓанин кој морал да заврши во затвор. Двајцата тврдат дека им се гади од неговите написи, особено за нападите врз новинарите Мери Јордановска.
Во друг разговор пак, тврди СДСМ, Латас и сопственикот на Сител, Иванов, зборуваат како Груевски самиот напишал текст за насловна страна за „Вечер“ а се однесува за бизнисите на Орце Камчев.
Мијалков пак му дојавува ексклузивни информации на Латас околу приведувања за да испрати камера да ги сними. Во три разговори кои ги објави СДСМ, Протугер бара услуги од сопственикот на Канал 5, Емил Стојменов. Прво му инсистира да го пренесе интерјуто на познатиот криминалоец Магаш дадено за Нетпрес и да го објави како ударна вест, потоа да ја тргне од вести изјавата на професорот Денко Малески оти тој не бил подобен со коментарите и на крај телевизијата да не ја објави анкетата на весникот Дневник во која ВМРО ДПМНЕ нема голема предност пред СДСМ.
Од овој сет разговори, спроед Заев, станало јасно како власта ги контролира вестите на двете телевизии преку нарачки што да емитуваат, а што не.