361
Еврокомесарот Јоханес Хан попладнево преку својот Твитер профил ја поздрави ратификацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија.
-Ратификацијата на македонскиот парламент на Договорот за пријателството со Бугарија е важен чекор во вистинската насока на патот кон ЕУ на земјата. Договорот, исто така, е репер за добрососедски односи во целиот регион на Западен Балкан, напиша Хан.