Костовски: Законот за амнестија е уште едно во низата антидржавни дејствија

by fokus

Законот за амнестија кој денес беше изгласан во Собранието од страна на СДСМ е уште едно во низата антидржавни дејствија, реагира Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ ги враќа долговите кон криминалците на штета на граѓаните и државата. Сите деструктивни политики на кои што предупредувавме пред избори се исполнуваат. Државата се разорува и на економски и на безбедносен и на политички план, истакна Дарко Костовски на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ денеска одлучи да ослободува криминалци, истовремено кога судиите политички им се одмаздуваат на уметници, оперски пејачи, глумци режисери само заради нивниот патриотизам. На заслужни граѓани, кои не сториле ниту прекршок во животот им се монтираат обвиненија за тероризам и се држат во притвор, додека осудени криминалци се ослободуваат на улица, рече Костовски.

Со доаѓање на власт на Заев, додаде Костовски, дојде живот, но не за граѓаните, туку само за криминалците.

 

Поврзани новости