За Грција Милошоски е иредентист

by Фокус

По денешната средба со македонскиот колега Поповски, гршкиот министер за надворешни работи Коѕијас искоментира дека веењето на знамето со вергина на Олимп од страна на пратеникот Антонио Милошоски е манифестација на иредентизам.

-Еден човек кој го крева своето знаме на Олимп е тип на иредентизам, тоа е начин на изразување на иредентизам. Не е моја работа да давам коментари, новинарите можат да проценат што е она меѓу двете земји што ја отежнува соработката. Многумина во оваа држава веруваат дека некои луѓе во Грција не сакаат да постои оваа земја. Но јас ве уверувам дека сме благодарни што постои – оцени грчкиот министер.

Поврзани новости