Скопјанката Р.С. се самозапалила во Градски парк

by Фокус

Јавното обвинителство соопшти дека од МВР се известени дека е откриен идентитетот на жената која вчера околу 13 часот самоапалила во Градскиот патк во Скопје. Станува збор за 45-годишната Р.С. од Скопје. Јавен обвинител извршил разговор со сведок на настанот а сега се истражува причината за немилиот настан. Инаку, жената се самозапалила со полевање со бензин.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје вчера изврши увид во Градскиот парк на местото каде беше пронајдено опожареното тело на женско лице. Од местото е подигнат доказен материјал за кој јавниот обвинител издал Наредба за криминалистичко – техничко вештачење, како и Наредба за обдукција на телото.

Јавниот обвинител разговарал и со жена која била сведок на настанот. Жената го слушнала пискотот на сега починатата во моментот додека горела и повикала Брза помош. Истрагата на полицијата ќе треба да утврди која била причината за ваквиот начин на одземање на животот. Експерти укажуваат дека, доколку било во знак на некков општествен револт тоа би било сторено на друг јавен простор пред олем број очевидци. Затоа се претпоставува дека причините се повеќе приватни.

Поврзани новости