Македонија и Грција: Прво доверба, па решение за името

by Фокус

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Поповски и Никос Коѕјиас, како што објавија договориле 11 мерки преку кои ќе се подобрува соработката меѓу двете земји, а кои се однесуваат на 11 области од општествениот живот.

На овој начин, според нив ќе се гради довербата за да можат двете држави да стигнат до решение за името.

– Денешниот заклучок е дека правиме нов чекор за зајакнат, активен пристап и за поттикнување на соработка. Најслабата алка во изминативе неколку денцении во нашите билатерални односи е секако довербата која очигледно била на недоволно високо ниво. Најсилна, пак, алка во нашите односи бил интересот и мотивот на нашите граѓани бизниси и општества да се поврзуваат и да соработуваат. Едноставно имаме традиција на недоверба која заедно можеме да ја надминеме и сметаме дека соработката е најдобра мерка за градење на доверба – изјави Поповски по средбата.

Неговиот колега од Атина изјави дека со договорените мерки ќе се направат обиди да се подобри довербата.

– Се надевам во иднина ќе најдеме разбирање за спорот со името, верувем дека сме одлучни да го најдеме решението. Од историјата имаме научено колку е важен развојот на стабилности и безбедноста на Балканот… Грчката надворешна политика верува дека оваа земја е благодет и носител на стабилноста и безбедноста, и правиме се што можеме да го помогнеме вашиот пат кон ЕУ. Веруваме дека постоењето и стабилноста на оваа држава е значајно за Балканот. Постои разлика по одност на името, но за секој проблем постои решение – рече Коѕјиас по средбата.

Инаку, договорено е да се соработва во образованието, полицијата, економијата, инфраструктурата, енергетиката, здавството и други области кои се очекува да ги зближат земјите.

Поврзани новости