За градоначалник на Скопје ќе трчаат 12 кандидати

by Fokus

Скопјани ќе избираат меѓу 12 кандидати за градоначалник и 15 советнички листи. Ова е досега најголем број на кандидатури поднесени за локални избори во главниот град. Актуелниот градоначалник Петре Шилегов, кој на претходните избори победи во првиот круг, повторно ќе има поддршка од ДУИ, како и од ДПА и Беса. Но, овојпат гласовите на Албанците се расцепкани, затоа што опозициската Алијанса за Албанците најави поддршка за Данела Арсовска, кандидатката што ја поддржува и ВМРО-ДПМНЕ. Бени Шаќири е кандидиран од ЛДП и Александар Тортевски од Твоја партија, Петар Георгиевски од Левица, Ана Петровска од коалицијата „Зелен хуман град„. Свои кандидати ќе имаат и Бошњачкиот демократски сојуз, ТМРО, Демократи, Интегра, Родина и Титови сили.

За општина Центар се кандидирани 7 лица за градоначалник, и 10 советнички листи. СДСМ во оваа општина одат со Горан Герасимовски, а ВМРО ДПМНЕ со Наташа Котлар. ЛДП ДОМ го кандидираат Антони Новотни. Во Карпош ќе се бира меѓу 6 кандидати за градоначалник и 10 советнички листи. Од поголемите партии ќе се соочат Душко Весковски од СДСМ, Оливер Зафировски од ВМРО ДПМНЕ, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Дарко Ристовски од Левица и Христа Најданов од ЛДП и ДОМ.

Откако општинските изборни комисии официјално ќе ги потврдат сите кандидатури, тие ги доставуват листите до ДИК за да биде извршено жребување за нивниот редослед, што треба да се одржи најдоцна до 23 септември.

Во Тетово, има примено седум пријави за кандидати за градоначалници и десет за советнички листи.

Во Гостивар се доставени четири кандидатури за градоначалник и десет листи за советници. Во Прилеп се поднесени пет кандидатури за градоначалник и осум кандидатски листи за советници. Во Битола 6 кандидатури за градоначалник и 14 листи за советници. ВМРО ДПМНЕ оди со Тони Коњановски, СДСМ со Христи Кондовски, а ЛДП ДОМ со Горан Милевски. Охрид информираше дека се поднесени три кандидатури за градоначалник и 11 советнички листи

Најмалку кандидатури за градоначалник, само две има во Маврово Ростуше. Доколку се постигне цензусот на излезност, во оваа општина изборите ќе завршат во првиот круг.

Поврзани новости