За една недела починале 127 заразени со корона вирусот, зголемување на смртноста за над 41% во споредба со неделата претходно

by fokus

Дури 127 заразени со Ковид-19 починале во текот на изминатата недела, односно од 2 до 8 ноември, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

-Пријавени се 127 смртни случаи од 22 града, зголемување од 41,1% во однос на минатата недела.
Во однос на возраста, 94 лица биле над 60 години, 19 лица на возраст од 50 до 59 години, 9 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години, 4 случаи во возрасната група од 30 до 39 години и 1 случај на возраст 20-29 години, се наведува во извештајот.

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.114 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, односно 852 лица повеќе во однос на претходната недела.

Поврзани новости