Во февруари девизните резерви изннесувале 2 милјарди и 330 милиони евра, за разлика од јанури кога биле 2 милјарди и 483 милиони евра, покажуваат податоците од Народна банка на Република Македонија. Ова намалување на резервите од 153 милиони евра за само еден месец се должи на предвремената отплата на кредитот од ММФ.
„Најновите податоци за девизните резерви покажуваат значително намалување од почетокот на годината. Доколку се анализира според факторите на промена, намалувањето на резервите во овој период е последица на трансакциите за сметка на државата, при што најголем ефект имаше предвремената отплата на кредитот од ММФ, користен во рамки на кредитната линија за претпазливост“, се наведува во последниот извештај на Народна банка.
Економистите се согласуваат дека влијание врз падот на девизните резерви има предвременото исплаќање на долгот кон ММФ, но тие велат дека намалувањето е и последица на зголемените трошења на Владата за купување социјален мир, пренесува телевизија 24 Вести.