За еден час ќе се стига од Кавадарци до Грција, вели градоначалникот Јанчев за отворањето на нов граничен премин

by fokus

Со реализација на проектот за отворање на нов граничен премин Пуљевац, за околу еден час ќе се стига од Кавадарци до границата со соседна Грција. Очекувам овој значаен проект да биде готов најдоцна за три години – за „Фокус” вели градоначалникот Митко Јанчев.

Тој вчера одржа состанок со членовите на Комисијата за отварање на нови гранични премини на Македонија со соседните држави и се разговарало за идните чекори за реализација на граничниот премин Пуљевац.

-Се изврши посета на теренот Мајден – Пуљевац и се разгледуваа патната инфраструктура и теренските услови.

Следната средба е закажана за две недели, кога ќе се сретнат експертските тимови на двете држави Македонија и Грција, со цел забрзување на процесот за отварање на овој граничен премин-информира Јанчев.

Вики Клинчарова

Поврзани новости