638
Лицата кои имаат потреба, како што се планинарите, параглајдеристите и други луѓе коишто организирано се движат во природа може да побарат дозвола за движење во планините, односно во шумите од локалните подружници на ЈП „Национални шуми“ коишто ги има во сите градови низ државата.
Во Скопје оваа подружница се наоѓа во општина Аеродром. Ова на денешната прес-конференција го соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.