За дваесет дена ќе стартува судењето за убиството на Ангел, во Ѓорче Петров

by fokus 13:19
13:19

За дваесет дена, на 29 декември, во Основниот суд Скопје 1 ќе стартува судскиот процес за убиството на матурантот Ангел Петковски, што се случи во мај во скопската населба Ѓорче Петров. Судењето е закажано денес, откако минатиот месец беше поднесен и обвинителниот акт против осомничениот Насер Е., според кое му се заканува казна затвор од најмалку 5 години, а дополнително ќе се гони и за тешка кражба.

-Врз основа на утврдените факти и докази во предметот поднесене е Обвинителен акт до Основниот суд Скопје 1 Скопје  против едно лице за сторени кривични дела Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3  и  Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот Законик на Република Македонија“, се наведува во соопштението на Обвинителството.

- Advertising -

Оттаму информираат дека обвинетиот се сомничи дека на 19 мај годинава, околу 17 часот, во дворот на семејната куќа на семејството на Ангел, како што велат, на дрзок начин  одзел еден  велосипед. Поточно, влегол во дворот, па откако бил забележан како го краде велосипедот и укорен од страна на таткото на сега покојното лице, обвинетиот се качил на велосипедот и со него побегнал.

-По кражбата на велосипедот, се упатил кон  пешачкиот мост кој води кон селото Сарај, каде на патеката на насипот го пречекале, па таткото на сега покојниот кој го блокирал патот обвинетиот да не побегне кон мостот , а сега покојниот кој го блокирал патот во правец спрема течението на реката Вардар. При тоа, обвинетиот извадил нож со едностран сечивен дел и замавнал два пати кон сега покојниот нанесувајќи му убодна рана на десната страна на градниот кош. Обвинетиот потоа бил нападнат од страна на таткото на сега починатиот со дрвен стап и му биле нанесени телесни повреди, по што успеал да избега“, објаснуваат од Обвинителството.

Потоа, според обвинителството, таткото на Ангел и сега покојниот, се упатиле до Европската очна болница да побараат медицинска помош, но како резултат на повредите од убодната рана дошло до брзо и обилно внатрешно и надворешно искрварување и развиток на хеморагичен шок, што довело до смрт на скалите пред болницата.

„За стореното дело обвинетиот се гони за кривично дело тешка кражба и убиство со умисла. Поради исполнување на законските основи, јавниот обвинителот до надлежниот суд предложи и  продолжување на мерката притвор, објаснуваат од Обвинителство.

 

Поврзани новости