Студентите и средношколците од Прилеп го подржуваат студентскиот марш

by Фокус

Студентите и средношколците од Прилеп во среда ќе се соберат пред камената бина, со цел да го поддржат студентскиот марш на студентите во Скопје и Битола. Собирот за поддршка на студентскиот марш е повикан точно во среда поради симболиката на денот на човековите права и поради воспоставување паралела со Студентскиот Марш во Скопје и Битола.

– Затоа, почитувани колеги и колешки, професори и професорки, родители, членови на политички партии и подмладоци, граѓански организации, синдикати, вработени и невработени, пензионери и пензионерки. Почитувани граѓани на Прилеп, поддржете не! Не плашете се од етикетирање. Кога нѐ етикетираат знаеме дека сме погодиле во сржта на вистинскиот проблем и тоа на надлежните им е единствената одбрамбена стратегија.Оставете ги зад себе сите предрасуди и препреки кои стојат на патот кон вистинската постапка и пред вас погледнете ја иднината на ова општество и борете се за човековите права во неа – се наведува во соопштението на Студентскиот пленум од Прилеп.

Тие сметаат дека образованието е факелот на општеството, кое се предава од една на друга генерација.

Поврзани новости