За два дена осуммина пријавиле во полиција дека биле тепани – во Аеродром, Гази Баба, Центар

by fokus

За два дена осум лица, од кои шестмина од Скопје пријавиле дека биле физички нападнати, а едно лице пријавило тепачка.

Денеска (10.12.2023) во 04.50 часот во СВР Скопје Л.А.(20) од Скопје пријавил дека околу 03.20 часот во дискотека во Градскиот парк во Скопје, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (10.12.2023) во 01.30 часот во СВР Скопје М.Ј.(66) од Скопје пријавил дека на 09.12.2023 околу 23.30 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од П.П., кој бил со уште неколку лица, а поради претходни недоразбирања околу должничко-доверителски односи кој неговиот син ги имал со пријавениот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.12.2023 во 08.46 часот во СВР Скопје, Д.Н.(57) од Скопје пријавил дека околу 01.00 часот на подрачјето на Аеродром бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.12.2023 во 11.00 часот во СВР Скопје, К.Н.(39) од Скопје пријавила дека околу 09.00 часот на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од Р.П.(39) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Денеска (10.12.2023) во 05.05 часот во СВР Скопје, А.С.(19) од Скопје пријавил дека околу 03.20 часот во дискотека во Градскиот парк во Скопје бил физички нападнат од три лица, меѓу кои и К.С., кој го познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.12.2023 во 15.10 часот во СВР Скопје, М.Т.(48) од Скопје пријавила дека околу 12.25 часот на подрачјето на Центар, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 09.12.2023 во 19.50 часот С.Е.(48) од с.Ростуше, гостиварско, пријавил дека околу 18.00 часот во Гостивар во салон за игри на среќа бил физички нападнат од лице вработено како обезбедување на објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.12.2023 во 16.00 часот С.С.(58) од Тетово пријавил дека околу 13.30 часот во Тетово, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од А.Б. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Освен овие случај на напади, вчера попладне во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба. се степале двајца скопјани поради недоразбирање околу должничко-доверителски односи.

Поврзани новости