СДСМ ќе потврди дека Митревски ќе биде нов спикер, ВМРО се уште без одлука дали ќе бидат дел од техничката влада

by fokus

Владејачката СДСМ вечерва на состанок на раководството на партијата, а потоа и на Извршен одбор се очекува да ја потврдат одлуката, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски да биде новиот претседател на Собранието, на местото на Талат Џафери.

ДУИ веќе информираше дека одлучиле Џафери да ја преземе функцијата технички премиер од 28-ми јануари, а ќе ја извршува се до изборот на новата Влада.

Од ВМРО-ДПМНЕ се уште не соопштуваат конечно и велат дека допрва ќе носат одлука дали ќе номинираат свои министри и заменици или нема да прифатат да бидат дел од техничка влада предводена од Талат Џафери.

Ваквите најави од опозициската партија, СДСМ ги толкуваат единствено како алиби, за катастрофалниот пораз кој ги очекува на претстојните избори.

-Деструктивните политики на ДПМНЕ, блокадите, обидите да се закочи земјата, да се блокира Собранието, ги гледаме со години нананзад. ДПМНЕ друго и не знае, бидејќи нема понуда за граѓаните.
Не се нешто ново обиди за создавање криза, зборував и во пресот за нив. Како што досега не усепа така нема ниту овој пат. Нема да најде алиби, Мицкоски го чека двоен пораз на изборите, тој го знае тоа многу добро, изјави портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

Поврзани новости