Скопјанец пријавил дека во подрумот нашол торба со автоматска пушка и рамки

by fokus

Скопјанец од Чаир вчера пријавил дека во неговиот подрум нашол торба со пушка и неколку рамки.

-На 09.12.2023 во 10.11 часот во СВР Скопје, Ш.К.(58) од Скопје пријавил дека околу 09.30 часот на подрачјето на Чаир, во подрумска просторија во негова сопственост, пронашол торба во која имало пушка со неколку рамки. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, при што било утврдено дека во торбата има една автоматска пушка, три рамки од автоматска пушка, 143 долги зрна, 21 кратко зрно, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа, а пронајдените предмети се предадени за понатамошна постапка.

Фото: Архива

Поврзани новости