479
Пензионер од Скопје добил налог за извршување во износ од 12.439 денари за долг од само еден денар кој го имал кон снабдувачот со топлинска енергија „Балкан енерџи ДООЕЛ“. Според налогот, на пензионерот му се определува забрана од една третина на пензијата, како би се наплатила сумата од двеста евра.
Налогот е издаден на 19-ти месецов од извршителот Моника Муча, преку полномошник адвокатското друштво „Чукиќ и Марков“.