Мијалков и денеска бадијала доаѓаше на суд

by fokus

Бидејќи Горан Грујевски се уште не е екстрадиран од Грција, судијката во предметот „Трезор“ на СЈО го одложи денешното судење. На обвинителна клупа денеска седнаа Сашо Мијалков и Тони Јакимовски, но судијката реши дека за да почнат со процесот треба да се почека и Грујевски.

Од истите причини пред два дена се одложи рочиштето за незаконското масовно прислушување, односно за предметот „Таргет-Тврдина“, иако Мијалков и другите обвинети се појавија во судот.

Наредното рочиште за „Трезор“ е закажано за 17-ти мај. Овој предмет се однесува на тендер за набавка на опрема за прислушување. Наводно со тендерот, буџетот на државата бил оштетен за речиси 900.000 евра во корист на фирмата „Финзи ДООЕЛ Скопје“. Мијалков е првообвинет.

На 27-ми април Врховниот суд во Грција ќе одлучува по жалбата на Грујевски за екстрадиција, по што ќе биде познато дали ќе биде вратен во Македонија.

Поврзани новости