Потрошувачката кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија во септември изнесувала 32.263 денари за едно четиричлено семејство.
Пресметките на синдикатот покажуваат дека најмногу од овие пари или 13.345 денари одат за храна и пијалоци по што следуваат средствата што се трошат за плаќање на комуналии, опрема за домот и одржување, односно за оваа намера отпаѓаат 10.468 денари. За хигиена се потребни 2.272 денари, за превоз 2.339, а за обувки и облека 2.087 денари. Од вкупните средства во потрошувачката кошница за културни активности се одвојуваат 1.070 денари, а за одржување на здравјето 678 денари.
Потрошувачката кошница во септември е повисока за 0,32 проценти во однос на август, а во споредба со септемрви минатата година е повисока за 0,09 проценти.