Богоевски: Во скоро време не планирам да земам членска книшка од СДСМ

by fokus

Еден од најистакнатите членови на Шарената револуција кој се најде на пратеничките листи на СДСМ, денеска изјави дека не планира да се зачлени во партијата.

-Заслугата за таа позиција треба допрва да се одработи и никој не може да се смета за заслужен пред да го реализира тоа што го ветува. Што се однесува до членската книшка, немам намера во овој период или набрзо да извадам членска книшка од СДСМ, изјави Богоевски.

Богоевски вели дека е на листата на СДСМ токму затоа што верува во таа политичка опција и бидејќи таа партија одлучила да оди со најширока можна коалиција во однос на другите партии, кои, како што нагласи, настапуваат надвор од режимот.

Поврзани новости