Директор на ГОБ „8 септември“: Лекарите и болничкиот персонал не смеат секојдневно да трпат напади, закани и навреди

by Fokus 16:39
16:39

Откако пред неколку денови, група од 20-30 луѓе го демолираа Ургентниот центар во Градската болница „8 септември“ и го грабнаа телото на починатиот со себе, плашејќи се да не му се изврши обдукција, денеска околу 150 лекари, медицински сестри и болнички персонал во знак на револт излегоа на протест болницата.

Тие не можат да се помират дека секојдневно се мета на закани, навреди и заплашувања од дел од пациентите и побараа да се почитува белиот мантил и неговата работа.

- Advertisements -

Директорот на болницата, доктор Сашо Стојчев вели дека неговите вработени излегуваат со право и тој им ја дава целата негова поддршка.

– Тоа е еден вид на апел дека тие и нивната работа мора да се почитува. Не може секојдневно да бидат напаѓани, заплашувани, навредувани од пациенти, иако не го заслужиле тоа. Па, тоа е болница, некој ќе почине. Дали за тоа треба да се тепа лекарот – истакна доктор Стојчев во изјава за „Фокус“.

И.М.

Поврзани новости