За Ахмети Ердоган бил избран на слободни и демократски избори

by Фокус

Дозволете ми во името на сите членови и поддржувачи на Демократската Унија за Интеграција, како и во мое лично име, да ги изразам нашите најискрени честитки за убедливата победа во првите претседателски избори во Турција, се вели во денешната честитка на интегративците до новиот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

– Убеден сум дека демократската волја и определеност на турскиот народ на слободни и демократски избори ќе ja материјализирате во благосостојба на граѓаните на Турција, но и за унапредување на добрите односи со соседните земји. Големата граѓанска заедница на Турција со албанско потекло претставува поврзувачки мост меѓу нашите земји, и затоа јас сум сигурен дека овие поврзувачки мостови ќе се зајакнат со вашата нова улога како прв Претседател на Турција избран на првите непосредни избори преку продлабочување на економската и културната соработка – му порачува Ахмети на Ердоган.

За степенот на демократскиот амбиент на изборите во Турција говори извештајот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР .

Поврзани новости