За 60 отсто намалени платите за судските службеници кои штрајкуваат

by fokus

Судскиот буџетски совет донесе одлука за намалување на платите на околу 2 000 административци.

Генералниот секретар на УПОЗ Трпе Дејаноски вели дека судскиот буџет планира да ги скрати платите на штрајкувачите дури за 60 отсто.

Тој смета дека ова е уште еден обид да се скрши штрајкот на судската администрација и обид да се тргне вниманието од проблемите на судските службеници.

Она што не е јасно во одлуката на судскиот буџетски совет е до која институција вработените кои ќе добијат решение за помали плати ќе можат да се жалат, бидејќи според законските процедури за ваков спор би требало да биде надлежен Управниот суд, но и тој е дел од институциите кои гласале за кратење на платата.

Инаку, штрајкот на администрацијата трае веќе две месеци во сите судови во државата. Единствен кој не штрајкува е најголемиот Кривичниот суд во Скопје, а во останатте странките добиваат нови термини за судење.

Поврзани новости