Од први јануари до вчера МВР издало вкупно 86.462 потврди на странски државјани, од кои 34.328 се од машки пол, 18.842 се од женски и 33.084 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 208 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил
Полицијата извести дека во минатите 24 часа се издадени потврди на 616 странски државјани, од кои 249 од машки и 146 од женски пол, како и на 221 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството, потврди се издадени на 393 државјани на Сирија и на 223 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.
.