Вајгл, Ховит, Кукан: Консензусот за Пржино и реформите клучни за европерспективата на Македонија

by Фокус

Иако жалиме за пропуштената шанса за наоѓање консензус меѓу сите партии, се надеваме дека темите за кои како медијатори разговаравме денеска со сите партии, ќе помогнат за идентификување на критичните проблеми, што може да послужи како основа за постигнување на конечен договор кој ќе ја гарантира веродостојноста на новите избори, истакнаа европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан, кои се и посредници на договорот од Пржино од 15-ти Јули.

Европратенициите ги повикаа сите политички партии да пронајдат консензус за реформите, како единствен начин за гарантирање на патот на земјата кон евро-атлантската интеграција и европската перспектива.

– Како олеснувачи на овој процес од Европскиот Парламент, апелираме до политичките лидери да продолжат со својата посветеност на реформите и се надеваме дека нашето присуство тука ја демонстрира нашата посветеност кон нив, кон народот на државата и неговата европска иднина. Искрено се надеваме дека сите политички партии ќе превземат напори да ги создадат условите за веродостојни избори. Повторуваме дека Европскиот Парламент ќе биде присутен во текот на изборниот период за да ја поддржи оваа цел како и стремежот кон демократскиот развој кој пред се е во интерес на Македонскиот народ – тврдат тројцата европратеници.

 

Поврзани новости