За 24 часа починале 9 заразени во ковид центарот во Тетово

by fokus

Во ковид-центарот во Тетово за 24 часа починати се девет, а хоспитализирани 18 пациенти. Поради сериозни компликации од повеќе хронични болести, пациенти со коронавирус биле однесени и во Скопје.

За 24 часа имавме 209 амбулантски прегледи што укажува дека уште ќе има нови хоспитализации за жал. Во моментов има 124 хоспитализирани пациенти од кои 18 се нови, како максимум во цела пандемија. Починатите се сите над 65 години, со коморбидитети. Друг проблем е што имаме ситуации каде има пациенти со ковид, но примарни им се болести на срцето и други органи, за кои ние моравме да се консултираме во Скопје. Затоа вчера имавме транспорт на тројца пациенти во болницата „8-ми Септември”, изјави д-р Гзим Нуредини од ковид-центарот.

Поврзани новости