За 24 часа, четворица починати пациенти во велешката болница!

by fokus

Четворица пациенти, позитивни на корона вирус починале во велешката болница во изминатите 24 часа. Станува збор за две жени на возраст од 57 и 61 година и двајца мажи на возраст од 48 и 79 години.

И во тек на вчерашниот ден починаа двајца пациенти хоспитализирани во ЈЗУ Општа болница Велес. Станува збор за 84-годишна жена и 75-годишен маж, позитивни  на вирусот.

За време на викендот пак, во велешката болница починале тројца позитивни пациенти, на возраст од 63, 70 и 86 години.

Моментално се хоспитализирани 62 ковид позитивни пациенти.

Според вчерашниот извештај на МЗ, во Велес се активни 409 случаи на вирусот. Од почетокот на пандемијата се инфицирале 8.218 лица.

Вики Клинчарова

Поврзани новости