397
Резултатите од испитувањата на бебето од Дојран покажаа дека тоа нема Денга вирус, па сега остана да се испита уште само Зика вирусот. Тие резултати треба да бидат готови за десетина дена.
Министерот за здравство , Никола Тодоров, вели дека нема потреба од паника, иако пред неколку дена директорката на Детската клиника изјави дека сите други испитувања за присуство на вируси се направени и останаа само овие два.
Тодоров соопшти дека формирана е комисија која го следи случајот и без разлика на резултатите ќе се следи каде е направен пропуст. Бременоста на мајката според нејзино тврдење била редовно следена, па спорно е како гинеколозите не ја забележале аномалијата кај плодот бидејќи ваквите деформации се видливи и на ЕХО.