Пратеникот, Павле Богоевски, го прашува собранискиот спикер Талат Џафери, како тоа ја прекинал седницата поради однесувањето на Мухамед Зекири, а можел да го трпи однесувањето на Груевски кога се гласаше за Законот за јазици.
Богоевски во своите коментари на фејсбук го ословува на Џафери со мали букви.
„талат џафери ја прекинал седницата поради однесувањето на колегата Мухамед Зекири. Не знаев дека “лавот од Форино” бил толку чувствителен. А можеше да го трпи криминалецот груевски кога сакаше да се тепа со него за Законот за јазици. Не, талат. Ти ја прекина седницата бидејќи се’ уште твојата партија е во коалиција со криминалната банда на дпмне. По сите драми и лаги дека на еден член му се слошило, а сте испратиле возила по другата заменичка. Не ви дозволивме да ја упропастите работата за време на комисиската расправа, ете затоа ја прекина седницата. По парламентарните избори, го извадивме дуи од вмро. Очигледно, не успеавме да го извадиме вмро од дуи“, напиша Богоевски.