Српскиот претседател Александар Вучиќ, го прокоментира убиството на адвокатот во Белград, Драгослав Огњановиќ, порачувајќи дека државата ќе има посериозни и пожестоки акции за да се справи со криминалците во Србија, пренесува B92.
Запрашан за безбедносната ситуација во Србија, со оглед на убиство на адвокатот, Вучиќ изјави дека смета дека безбедноста е добра, односно дека е подобро отколку во 2001 година, 2002 година, 2011 година, факт што го потврдува, рече, намалувањето на бројот на убиства.
Сепак, Вучиќ додаде дека го загрижува „војната меѓу два клана” околу пазарот на нелегални наркотици и дека тоа станува нешто со кое што државата треба да се справи на побрутален начин.
-Вознемирен сум околу тоа. Разговарав Небојша Стефановиќ. Полицијата спроведува акции кои на многумина им се непријатни, но во секој случај ќе треба да имаме пожестоки и посериозни акции за да покажеме дека Србија и Белград не смеат да бидат полигон за нивното делување – рече Вучиќ.