Централен регистар за тендерот кој доби донатор на СДСМ: Користиме возила постари од 20 години

by fokus

Од Централен регистар одговорија на обвинувањата кои претходно ги изнесе членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, според кој тендер од 8,3 милиони денари добила фирма донатор на СДСМ. Од Централен регистар велат дека тендерот за набавка на возила согласно Законот за јавни набавки.

„Во врска со информациите на некои медиуми за постапката на избор за најповолен понудувач за набавка на 11 моторни возила, Ве информираме дека Централниот регистар на Република Македонија по законски распишаниот оглас во мај оваа година, за набавка на 10 лесни и 1 товарно моторно возило за потребите на институцијата која во моментов користи и возила постари од 20 години, а согласно законот за јавни набавки, закажа електронска аукција за операторите кои ги задоволија критериумите специфицирани во техничката спецификација. По спроведената аукција со негативно електронско наддавање преку ЕСЈН, за најповолна ја избра понудата на споменатиот економски оператор“, велат од таму.

На распишаниот тендер, додаваат, конкурирале повеќе економски оператори. За оние кои ги задоволија критериумите, уредно и законски била закажана е-аукција, а за спроведување на тендерската постапка, Централен регистар формирал и соодветна комисија, согласно сите законски прописи за јавни набавки.

Поврзани новости