Вучиќ: Во Србија јас сум единствениот што е незаконски прислушуван

by irena 17:48
17:48

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека во Србија, единствено тој е незаконски прислушуван како претседател на Републиката и додаде дека до 2012 година исто така бил прислушуван – формално во согласност со законот, но суштински и апсолутно спротивно на законот.

„Во оваа земја, единствено јас бев незаконски прислушуван. Запомнете, незаконски беше прислушуван Александар Вучиќ како претседател на Републиката, а пред тоа бев прислушуван до 2012 година – формално во согласност со законот, но суштински и апсолутно спротивно на буквата и духот на законот“, рече Вучиќ.

Одговарајќи на прашањето како го коментира фактот што некои опозициски политичари тврдат дека и тие биле шпионирани, Вучиќ изјави дека го прочитал одговорот на Безбедносно-информативната агенција, како и дека не сака да се занимава со субверзивни теми на невладините организации и на оние што би сакаат да ја уништат Србија однадвор.

„Ако немате што да им понудите на граѓаните, тогаш не ги залажувајте со глупости. Ако имате, понудете им на граѓаните подобра програма, кажете им каква економија ќе создадете, како ќе ја постигнете највисоката стапка на раст во Европа – каква што имаме денес и каква што ќе имаме утре – а сè друго се глупости“, рече Вучиќ.

Слични вести