АМСМ информира дека утрово сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на повисоките делови од државата, додека на пониските места врнежите се со послаб интензитет.
Според АМСМ, на сила е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар и на планинскиот премин Стража, на магистралниот пат Крива Паланка – ГП Деве Баир и на патот А-3 Битола – Ресен, премин Ѓавато.
Инаку, прекината е забраната за тешки товарни возила на патен правец Ресен -Охрид превој Буково – патниот правец е прооден за сите видови на возила
Исто така, на магистралниот пат А3 на патен правец Делчево-Граничен премин-Делчево пуштен е сообраќајот за сите видови возила и се одвива нормално.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.